Давидова харфа е слободна, персонална веб зона. Замислена е како медиум, инструмент за критичко промислување – рефлексии на времето и просторот силно испреплетени во политика, култура, уметност, комуникации, сајбер технологии, квантна теорија, невронаука, биологија, философија, идеологија, духовност, религија итн. Во целиот тој космички вортекс исполнет со апсурд и парадокс, информации и симболи, ентропија и веројатност, постојат одредени точки на апсорбција и зрачење што тежнеат да ги прочитаат кодовите на она што го разбираме како реалност и да ja интерпретираат од извесна перспектива. Можеби ова е една таква точка… Нека биде сериозна и одговорна, игрива и забавна, возбудлива и нежна точка на поврзување и разидување, танцувајќи по рабовите на овој чудесен свет и неговиот ум – внатре самите нас.
Овде ќе се објавуваат есеи, критички осврти на различни теми, кратки книжевни форми, философски (постмодерни) јадачки, рецензии и препораки за актуелни музички и филмски изданија, театарски претстави и книги, поезија итн. Рубриката Калеидоскопје е замислена како романтичен контрапункт на останатите содржини, простор на интимна интерпретација и лирско доживување на градот. Во поле е зона каде современата наука (квантна физика, невронаука и компјутерски технологии) резонира со философија и духовност во вечната потрага по разбирање на реалноста, Универзумот и самото постоење. Во секцијата Разговори, планиран е серијал разговори, всушност, извадоци од спонтани дружења со медиумски неекспонираани луѓе кои во себе носат вредни содржини, искуство и знаење.
Сите содржини објавени во оваа веб зона се креирани, уредени и напишани од Давид Ангелевски, освен некои преземени текстови и цитати чиј автор е наведен под самиот текст.
За многу мал дел од текстовите, оние со високо стручна содржина консултирана е вештачка интелигенција за попрецизна потврда на искажаното.
Целиот концепт и дизајн се на Давид Ангелевски.
За било какво преземање авторски содржини од оваа веб зона потребна е претходна согласност.
Контакт: david.angelevski@gmail.com
Оваа веб зона не е финансирана од ниедна институција, ниту од било каков комерцијален субјект. Овде можете да ја поддржите нејзината независност преку локален банкарски трансфер или меѓународна услуга за трансфер на пари.
